Министерот за надворешни работи на Бугарија во оставка, Георгиев, изјави дека постигнувањето мир во Газа е исклучително важно за Бугарија. Георгиев е дел од бугарската делегација во Давос, каде што премиерот во заминување, Росен Жељазков, во име на Бугарија го потпиша пристапувањето кон Мировниот совет – иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп. Владата ја дистрибуираше изјавата на бугарскиот прв дипломат: „Мирот и безбедноста ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека неговата земја нема да се приклучи на Мировниот совет на американскиот претседател Доналд Трамп, иницијатива за која критичарите велат дека ги поткопува ОН, објави ДПА. „Ја цениме поканата, но ќе ја одбиеме“, изјави Санчез за новинарите по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел. „Ова го правиме првенствено и пред сè заради конзистентност“, рече шпанскиот лидер, додавајќи дека одлуката е во согласност ...

