Ракометарите на Охрид синоќа загубија од Алкалоид 29:26 во последното коло од регуларниот дел на сезоната во Супер лигата. Двете екипи неоптоварени од крајниот исход одиграа интересен меч во кој ефикасна вечер имаше бекот на Охрид Орјоникидзе кој постигна 9 гола до 40 минута кога мораше да го напушти теренот поради повреда. Пелистер како првопласиран ќе пренесе 3 бода во плеј-офот, Алкалоид и Вардар по 2, а Охрид 1 бод. Ждрепката за плеј-офот ...

Она што беше најавено уште пред неколку недели, од денеска е и официјално. Еден од најдобрите ракометни тренери во Србиј, Борис Ројевиќ ово следната сезона ќе го предводи амбициозниот тим ГРК Охрид. Утринава раководството на охридскиот суперлигаш го претстави својот нов тренер кој ќе го предводи ГРК Охрид до 2028 година. Србинот денеска го потпиша догoворот со својот нов клуб за да потоа ГРК Охрид и го претстави на јавноста Борис Ројевиќ како ...

Екипата на ГРК Охрид и официјално ќе добие нов тренер од следната сезона, затоа што договорено е тимот во иднина да го води српскиот ракометен стратег Борис Ројевиќ. 45-годишниот српски стратег доаѓа од редовите на Војводина, која ја водеше во изминатите шест години и со која освои дваесет титули во српскиот ракомет, меѓу нив и најголемиот европски успех, освојувањето на Европскиот Куп на ЕХФ. Ројевиќ си поднесе оставка по поразот од Порто во ...

Како што пренесува порталот “Балкан – Хендбол“, амбициозното раководство на ГРК Охрид се засилува со уште еден одличен ракометар од Бундеслигата. Станува збор за Хрватот Анте Иванковиќ кој е повремен репрезентативец на својата земја и кој се сега го носи дресот на Штутгарт. Тој ќе биде вториот ракометар од најсилната лига во светт кој ќе го носи дресот на Охрид по Словенецот Тиле Стрмљан. Очигледно е дека ГРК Охрид и тоа како има големи амбиции ...