Jувентус планира да го ангажира тренерот Лучијано Спалети, објави „Калчомеркато“. Страните се во напредни преговори. Според италијанскиот медиум, 66-годишниот Италијанец со ентузијазам ја прифатил понудата. Неговата последна тренерска позиција беше во италијанската репрезентација, од која ќе беше отпуштен во јуни оваа година. Вчера, Јувентус го отпушти тренерот Игор Тудор, кој беше во клубот од март 2025. По осум натпревари, Јувентус има 12 бода ...
Спалети со Наполи го освои Скудетото, а откако го направи тоа си стави и голема тетоважа на раката од наполитанскиот клуб. Но тоа не е се. Тој тогаш рече: „Наполи е мое последно клупско искуство. Никогаш не би можел да водам друг тим во Италија“. Сепак две години подоцна, Спалети повторно ќе работи во клупскиот фудбал и тоа во најголемиот ривал на Наполи, Јувентус. Се чини дека ќе треба да работи на долги ракави, да ја покрие тетоважата од ...

