-Се поништија дипломи! Зошто не се почека и да се види Управен суд и други правни инстанци за пропустите во увидот па и во решението на инспекторатот!? – реагира професорот Горан Ајдински, откако министерката Весна Јаневска објави дека се поништуваат осум спорни дипломи на Филозофски, како и две на Славјански универзитет. „Запишани се на втор циклус на студии на Институт за специјална едукација и рехабилитација на програми акредитирани ...
По решението за поништување на дипломите на студенти на постдипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, со своја реакција се огласи проф. д-р Горан Ајдински, поранешен декан на Филозофскиот факултет и актуелен професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Според неговите наводи, студент на постдипломски студии на институтот на кој предава Ајдински, му е поништена магистерската диплома, иако станува збор за ...

