Во обидот да се спаси од најлошото, од испаѓање во ПМФЛ, Работнички го засилува својот ростер. Последен нов играч во низата е искусниот Јован Попзлатанов, кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП. 29-годишниот крилен играч во минатото беше дел од Пелистер, Тетекс, Вардар, РФС Рига, а во 2023 година од Вардар се пресели во Македонија ЃП каде настапуваше до денеска. Тој има настапи и за малдинската селекција на Македонија. Претходно Работнички се ...
Екипата на Работнички продолжува да ги засилува своите редови со цел да избори опстанок во Првата лига. Најнова аквизиција за тимот од Дебар Маало е Чарлс Аколатсе, играч од средниот ред кој има 30 години, и играше во кратовски Силекс во 2019 година. Аколатсе е интернационалец од Того кој во својата кариера играше и за неколку романски тимови пред и после Силекс. Тој има и два настапи за репрезентацијата на Того во 2017 година. Крадењето ...
Екипата на Работнички ќе биде значително засилена во продолжението од сезоната со ангажманот на две нови имиња. Александар Костоски, чие доаѓање беше најавено уште во декември, официјално ќе го облече црвено-белиот дрес како слободен играч. Последен клуб за кој настапуваше беше Пелистер, а за Работнички има играно на почетокот од својата кариера, во периодот од две илјади и шестата до две илјади и седмата година. Второто засилување е Младен ...

