Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на излезот од Кичево кон Охрид, поради што сообраќајот на овој фреквентен патен правец се одвива отежнато, а веќе се формираа големи колони од возила. Според информациите до кои дојде „Скопје1“, во несреќата учествувале две возила. Едното, со кичевски регистарски таблички, по силниот удар излетало од коловозот. Возилото има целосно уништен преден дел и испукана шофершајбна. Во судирот учествувало и ...

Сообраќајна несреќа пред малку се случила на излезот од Гостивар во правец кон Тетово. Поради незгодата, на овој патен правец се создадени долги колони возила, кои, според информациите од очевидци, се протегаат од втората наплатна рампа на автопатот Гостивар – Кичево. На возачите им се препорачува зголемена внимателност, почитување на сообраќајната сигнализација и трпение додека трае расчистувањето на местото на несреќата. Се очекуваат ...