Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите вас“ „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна оваа болка... Наминаа и 7 месеци од трагедијата во Кочани. Македонија повторно заплака“ - пишува во описот на видеото од наши млади деца кои ја пеат „Громови на душа“ во соба полна со постери од Тоше Проески и од Ѓорѓи, тапанарот од ДНК, кој почина во пожарот. ...

Ана Касапова, Јован Филев, Симона Петрова и Мартина Митева се наши млади деца од Струмица со талент за музика и полни со емоции. На 16-ти октомври, денот кога Македонија и регионот тагува веќе 18 години заради загубата на Тоше, а денес и за испраќањето на Панчо од ДНК во вечното почивалиште, тие објавија емотивно видео. Собрани се во една соба, полна со постери од Тоше и од Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица, тапанарот од ДНК, каде ја свират и ја пеат ...