На 15.11.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на 54-годишен жител на истото село. Повредени лица нема, а увид на местото и подигнување на пронајдениот проектил, изврши екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, ...

Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и ...