„Турци надвор” и „Нема мигранти” извикуваа демонстрантите синоќа пред црногорската Влада во Подгорица, откако група странци во неделата избодеа со нож еден локален млад човек. По инцидентот уапсени се државјанин на Турција и на Азербејџан, по што Црна Гора одлучи да воведе визи за Турција. Инаку, по инцидентот беше демолиран ресторан во сопственост на Турчин, запален автомобил во салон на турска компанија, а во Бар беа демолирани два бара во ...
Црногорската полиција објави дека осум лица се уапсени во Подгорица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство. Исто така, беше кажано дека полицијата ќе користи камери и беспилотни летала за снимање на јавни места со цел документирање кривични дела, а дека вчера во Подгорица се преземени 55 мерки против странци. Според соопштението, полицијата го идентификувала и по наредба на државниот обвинител во ...

