Ливерпул отпочна нова позитивна серија и со три бода се враќа од незгодното гостување кај Нотингем Форест. Првакот извојува победа од 0-1 (0-0), во тврд дуел решен со погодок во самиот финиш. На клупата на „шумарите“ дебитираше третиот менаџер оваа сезона, Витор Переира, но како и претходниот, стартуваше со пораз. Првиот дел беше тактичка битка со многу мал број на зрели шанси. Иако Нотингем Форест имаше повеќе присуство на противничката ...

Ливерпул многу потешко од очекуваното дојде до трите бода на гостувањето кај Нотингем Форест. Голот на Алексис Мекалистер во 97-мата минута беше доволен за „црвените“ да триумфираат и да се искачат на четвртата позиција на табелата со 46 бода, по еден повеќе од Челзи и Манчестер јунајтед. Аргентинецот само неколку минути претходно постигна гол и тоа на комичен начин, но тој беше поништен по реакција од ВАР-собрата поради играње со рака, ...