Регионалниот ургентен центар во Клиничка болница-Штип треба да се отвори најдоцна до септември, а овој центар ќе пружи итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот регион. Заменик директорот на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова вели дека постапката за негово формирање е веќе започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите на сегашната дежурна амбуланта. Центарот ќе ...

На приемниот дел од болницата, на местото на дежурната амбуланта во штипска клиничка ќе започне да функционира ургентен центар. Тоа ќе биде хируршки и интернистички ургентен центар за пациентите од источниот и југоисточниот регион. -Да се дијагностицираат и потоа да се третираат онаму каде што е потребно да се третираат во нашата болница. Ние веќе почнавме со процедурата и се надеваме дека во летниот период кога имаме помалку пациенти, кога ...