Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. - Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и ...

Кинеска државјанка загина, а седуммина нејзини сонародници се повредени, откако утрово се преврте камион со полуприколка на патот Валандово-Дојран. Сите тие како мигранти биле качени на приколката со намера да транзитираат од Србија кон Грција. Несреќата се случила околу четири часот, кога камионот „мерцедес“ со српски регистарски ознаки натоварен со топови хартија изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата е повреден и возачот, ...

Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен ...

На 19.11.2025 околу 04:20 часот во ОВР Валандово е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција. Со повреди се ...