Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Мадрид на протест, барајќи шпанскиот премиер Педро Санчез да поднесе оставка по низата корупциски скандали поврзани со неговата влада. За време на протестот, полицијата приведе неколку маскирани лица откако група демонстранти се обиде да ги пробие бариерите околу резиденцијата на Санчез, објави „Ројтерс“. Околу 40.000 луѓе учествуваа во протестот, барајќи предвремени општи избори, пренесе „Танјуг“. ...
Најмалку седум полицајци се повредени во судири со демонстрантите, соопштија официјални лица, додека десетици илјади луѓе маршираа низ Мадрид во саботата барајќи оставка од премиерот Педро Санчез по низа корупциски скандали. Мала група демонстранти се обиде да ги пробие бариерите околу резиденцијата на Санчез за време на протестот, кој инаку беше претежно мирен. Полицијата приведе група маскирани лица на главниот пат што води кон палатата ...

