Охрид прв обезбеди пласман во финалето на Купот на Македонија, откако одигра доминантен натпревар против Еурофарм Пелистер. По мечот, за Спортска Мрежа, тренерот на охриѓани- Борис Ројевиќ го анализираше полуфиналниот дуел и изрази големо задоволство од изданието на својот тим. Ројевиќ најпрво се осврна на самиот натпревар, нагласувајќи дека неговите ракометари одиграле дисциплинирано, со јасна контрола и верба во сопствените квалитети. ...

Охрид е првиот финалист во Куп на Македонија, откако убедливо го совлада Пелистер со 26:19 во полуфиналето одиграно во Струмица. Битолчани не беа на посакуваното ниво и успеаја да парираат само во воведните минути, по што тимот на Борис Ројевиќ целосно ја презеде контролата. Охрид со серија сигурни напади постепено ја зголемуваше предноста и на паузата веќе имаше комотни 13:7. Во продолжението, разликата дополнително растеше и во еден момент ...