Работнички стави крај на долгата резултатска агонија и во 19. коло од ПМФЛ забележа голема победа на гости кај Брера Струмица со 3-4. За тимот од Дебар Маало ова е само втора победа сезонава, но и прв гостински триумф, со што барем малку се враќа надежта во борбата за опстанок. Натпреварот започна идеално за скопјани. Новото зимско засилување Џејкоб Езеб уште во 5. минута ја отвори серијата, откако избега зад одбраната и рутински реализираше ...

Екипите на Брера Струмица и Работнички повторно одиграа ефикасен натпревар со дури седум постигнати голови. По триумфот на Брера во Скопје со 4:3, овојпат во Струмица со идентичен резултат славеше Работнички. Гостите од Скопје поведоа со два гола на засилувањето Езеб, додека домаќините преку Тодоров израмнија на 1:1. Сепак, Работнички на пауза замина со предност од 1:2. Во второто полувреме скопјани силно стартуваа и за кратко време ја ...