Денеска во Битола се игра најголемото ракометно дерби во кое Е.Пелистер го пречекува тимот на Вардар во првенството. Се е подготвено за спектакл, во кој ќе бидат вклучени и навивачите на Вардар „Комитите“, кои добија зелено светло да присуствуваат. Ноќеска, пред натпреварот од навивачката група „Чкембари“ со огномет им направија „немирна ноќ“ на вардаровите ракометари со порака: „Да покажеме гостопримливост. Нема мирна ноќ за вардарци. Утре ќе ...
Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе ги одмерат силите во вечерашното дерби во Суперлигата, меч закажан за 18 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Вардарци славеа во првото соочување во Скопје со 31:28, но тоа се заборава, ова е нов меч кој е од огромно значање пред се за домаќините кои по 15 кола веќе заостануваат четири бода зад големиот ривал. Тоа добро го знаат навивачите на Пелистер, популарните Чкембари кои имаа една акција, најава за ...

