Андреј Шошкиќ продолжува со одличните настапи во НЦАА лигата. Македонскиот репрезентативец ја продолжи серијата од двоцифрен број постигнати поени, но неговиот клуб Стони Брук доживеа минимален пораз од 75-76 на гостувањето кај Монмут. Шошкиќ овој пат броеше до 18 поени кои сите ги постигна во второто полувреме, одржувајќи го својот клуб во игра до последните секунди. Покрај двоцифрениот број на поени додаде и седум скокови. splash 💦 💻 ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Шошкиќ и понатаму блеска на колеџ-паркетите во САД, продолжувајќи ја серијата на одлични настапи во НЦАА, иако неговиот Стони брук претрпе тесен пораз од Монмаут со 75-76. Шошкиќ беше еден од најистакнатите поединци на натпреварот, постигнувајќи 18 поени пред домашната публика. За плејмејкерот ова беше шести меч во низа со двоцифрен поентерски ефект и вкупно 11-ти таков настап оваа сезона. ...

