На 22 февруари 1878 година во Охрид е роден македонскиот војвода Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери. Тој поради револуционерната дејност бил затворан од тогашната османлиска власт. За време на Илинденското востание учествувал во повеќе востанички акции. И по задушувањето на востанието ја продолжил борбата за слобода на Македонија се до неговата смрт кога со 11 соборци, за да не им се предадат живи на османлиите ...
Охрид, 22. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1878 година во Охрид е роден Христо Узунов. По завршувањето на основното училиште во Охрид учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ (1894-1896). Таму бил привлечен кон идеите на Македонската револуционерна организација од страна на Даме Груев. Неговиот брат Ангел во своите „Спомени“ вели: „Христо се вратил од Солун посветен и покрстен од Дамјан Груев. Тој бил примен за ...

