Ракометарите на Охрид вечерва го одработија единствениот тренинг во Атина, пред утрешниот натпревар од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против Олимпијакос. Но, наместо во салата каде утре ќе се одигра натпреварот, како што тоа е правило пред европските натпревари, домаќините го испратија Охрид да тренира во „балон“. Освен што ова покриено игралиште не ги задоволува европските ракометни стандарди за височина на таванот, во него и тешко се ...

Македонскиот претставник ГРК Охрид денеска (16 часот) во Атина го игра првиот натпревар од четврфиналето на Купот на ЕХФ против Олимпијакос. Овој дуел треба да даде одговор која екипа ќе биде поблиску до полуфиналето, со оглед дека реваншот се игра во Охрид на 4 април. „Нѐ очекува тежок натпревар против Олимпијакос. Добро работевме изминатата седмица и подготвени сме за овој дуел. Ќе дадеме сѐ од себе за да оствариме што е можно подобар ...