Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегира судиите и делегатите за второто коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата, а фокусот е вперен кон Битола каде се игра мега-дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Ждрепката која се изврши во РФМ одлучи двојката Ненад Николовски и Исмаил Металари да го судат дербито кое сигурно ќе има големо значење во битката за титулата. Делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески. ...

Немаше никакви дилеми, но сега е и официјално потврдено, трибините на салата „Боро Чурлески“ ќе бидат преполни за дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 кое се игра в недела од 19 часот. Битолчани објавија дека сите билети се продадени. Гостувањата на ривалот Вардар во Битола секогаш се магнет за битолската публика, а особено сега кога овие два тима водат битка за титулата. Е. Пелистер мора да победи за да остане во трка за титулата. ...