По неколкумесечни подготовки, оригиналниот македонски мјузикл „Као какао“, конечно, ги доби своите премиерни датуми. Првите изведби ќе се одржат на 2 и 3 јуни, во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:30 часот. „Као какао“ е мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции, кои добиваат нов живот преку аранжманите ...

Во атмосфера исполнета со креативна енергија и силна актерска посветеност, течат подготовките за новиот мјузикл „Као какао“, чија премиера е закажана за 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар во Скопје. Проектот, кој е идеја и реализација на „Баги комуникации“, веќе предизвикува голем интерес во јавноста и обединува еминентни имиња од македонската театарска и музичка сцена. Под режисерската палка на Дејан Пројковски, ансамблот интензивно ...