Во Битола заврши меѓуучилишниот танцов предизвик „Мостови на пријателство“, организиран од Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, како дел од истоимениот солидарен проект насочен кон поврзување на младите. Настанот, кој се реализираше преку јавен конкурс, ги обедини учениците од основните училишта, нудејќи им можност преку танц, музика и креативност да се изразат, но и да изградат нови ...

Денеска беше завршницата на јавниот конкурс за меѓуучилишен танцов предизвик што го организираше Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, а кој се реализира во рамките на солидарниот проект „Мостови на пријателство“. Овој предизвик не е само натпревар по танц, туку беше покана за дружење, поврзување и создавање пријателства меѓу младите од различни етнички и социјални заедници во Битола. ...