По укинувањето на владините антикризни мерки за замрзнати цени и маржи, граѓаните се соочуваат со нов удар врз семејниот буџет. Основните прехранбени производи за само неколку дена поскапеа од 10 до 20 проценти, а синдикалната минимална кошница скокна за над 1.000 денари. На удар се месото, млечните производи, оризот, кафето, но и средствата за хигиена и овошјето. Апсурдните цени на пазарите се веќе реалност – црешите достигнаа дури 1.359 ...

Цените во маркетите рушат рекорди. Телевизија 21 беше во обиколка на неколку поголеми ланци на маркети. Регистриравме повисоки цени минимум за 10 до 20% на месо, млеко, сирење, кашкавал, јајца, ориз, кафе во однос на минатата недела, кога завршија владините мерки за замрзнати маржи и цени. Поскапени се и средствата за хигиена, овошјето. Најдовме и цреши за 1.359 денари за килограм, лубеница 219 денари за килограм. Бананите и јаболката отидоа до ...