Новата бугарска нервоза околу известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, не доаѓа затоа што тој го укинува бугарскиот услов, туку затоа што отвора прашање што Софија со години сака да остане затворено: дали билатералните протоколи и историски спорови смеат бесконечно да се влечат како европски услови. Токму затоа во Софија повторно се вклучи алармот, откако во амандманите на неговиот нов извештај се побара правната служба ...

Македонските медиуми да го игнорираат обидот на бугарските политичари да ја вовлечат темата за македонските евроинтеграции во предизборната кампања во Бугарија, побара македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски упати апел да не им даваме алиби да бидеме алатка во рацете на политичари во Бугарија кои му припаѓаат на минатиот век, а не гледаат кон иднината. Изјавата следува по бројните амандмани од ...

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија е обид Северна Македонија да почне преговори со ЕУ без да го исполни условот од Преговарачката рамка – Бугарите да влезат во Уставот. - Со ...