Најмалку 24 луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат да ја пустошат областа Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија градските медицински власти. Шеснаесет од жртвите се поврзани со пожарот Итон во близина на Пасадена, а осум други со пожарот Палисејдс во областа Пацифик Палисејдс. Од вторникот има неколку големи пожари во регионот, но овие два се најтешки, пренесува ДПА. Локалните власти стравуваат дека ...
Додека пожарникарите гаснат пожари, опасноста од повторно разгорување на огнот поради силниот ветер во Лос Анџелес останува и натаму. „Бидете свесни за вашата околина. Подгответе се за евакуација. Избегнувајте сѐ што може да предизвика пожар“, апелираше до населението американската метеоролошка служба НВС. Службата предупреди од налети на ветер со брзина од 110 километри на час што може да се случат попладнево по средноевропско време. Пред една ...