Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше синоќа дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија. Како што велат од општината, енергијата на трибините, спортскиот дух и гласната поддршка уште еднаш ја потврдија препознатливата битолска спортска традиција и љубов кон спортот. Со своето присуство и навивање, битолчани оставија посебен печат на ...
Во вип просторот на фудбалскиот стадион “Петар Милошевски“ во Битола беше и Ирена Милошевска сопругата на прерано починатиот голман на Пелистер и македонската репрезентација Петар Милошевски. Ирена која е вработена во Фудбалската федерација на Македонија, ја фотографиравме во срдечен и пријателски разговор со двајцата фудбалери Митко Стојковски и Тони Мицевски соиграчи и другари на Петар Милошевски, а таа самото присуство на стадионот го ...

