Гордана Силјановска Давкова ќе ја добие свечено титулата претседателка на државата во недела напладне. Тоа е и последниот ден од мандатот на Пендаровски. На оваа седница во Собранието кое ќе заседава со актуелниот состав претходи рокот во кој ДИК треба да го испрати финалниот извештај од претседателските избори до Парламентот. – Претседателот Митрески ќе ја закаже Инаугуративната седница откако ќе го добие Извештајот од ДИК, рокот е до петок до ...
Гордана Силјановска Давкова денес ќе стане првата жена претседател на Македонија. Победничката на претседателските избори ќе даде свечена изјава во Законодавниот дом, со што и официјално ќе биде инаугурирана како шести претседател на државата. Потоа во кабинетот на претседателот на Водно ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата со највисоки државни и воени почести. По свечената церемонија новоизбраната претседателка ...
В недела професорката Гордана Силјановска- Давкова се очекува да го преземе мандатот од Стево Пендаровски по што ќе стане 11-ти македонски претседател. На седницата за инаугурација, Силјановска-Давкова пред пратениците од стариот собраниски состав, ќе ја даде свечената изјава со што почнува нејзиниот петгодишен мандат. Според протоколот, првата жена претседател на земјава, претседателската заклетва, ќе ја положи со изјавата за заштита на Уставот ...