Астон Вила го освои Истанбул и успеа да слави на тешкото гостување кај екипата на Фенербахче, но во завршницата од натпреварот, видовме и една сцена која се најде во центарот на вниманието. Составот од Бирмингем ја запиша шестата победа во седмата рунда во Лигата на Европа, а како тим кој е на делбата на првото место во лигашката фаза, премиерлигашот веќе обезбеди директен пласман во осминафиналето. Астон Вила го избегна плејофот и ќе има ...

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, беше снимен во жестока конфронтација со својот играч, Јури Тилеманс, откако го замени кон крајот на натпреварот. Во напад на бес, Емери викаше и го турна белгискиот играч од средниот ред кон клупата за резерви за време на победата од 1:0 над Фенербахче во Лигата на Европа. Инцидентот се случи на почетокот од судиското продолжение во Истанбул. Откако беше заменет, Тилеманс се приближи до клупата и се обиде ...