Обилните врнежи од дожд ја излеаја Зајашка Река од коритото и поплавија дел од населбите во Кичево. Повеќе од 200 жители се евакуирани и привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Поплавени се и подрумски простории во повеќе објекти, како и болницата во Кичево. Градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски во разговор за Телма алармира дека состојбата е сериозна и побара помош од надлежните министерства и институции. Десетина ...

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево, поради што денеска немаше услови за одигрување ракометен натпревар. Средбата меѓу РК Кичево и РК Вардар Неготино е одложена и ќе се одигра во дополнително утврден термин. Наместо спортски возбудувања, спортската сала „Христо Узунов“ беше ставена во функција на помош за граѓаните. Околу 200 лица кои беа евакуирани поради поплавите се привремено сместени во салата додека трае ...