Екипата на Вардар ја обезбеди шампионската титула, па дуелот против Шкендија во последното коло од првенството ќе биде само формалност. Сепак, секогаш кога овие два тима се на теренот постои мотив за победа, за триумф над големиот ривал. Така се очекува да биде и в сабота кога Вардар на Арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на Шкендија, во меч на кој најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија ќе го добие и трофејот наменет за шампионот. Во ...

Во последниот натпревар во сезоната, Вардар пред своите навивачи ја пречекува Шкендија, екипа во текот на сезоната беше најсериозниот конкурент на “црвено црните” во битката за шампионскиот трофеј. Токму поради тоа нема поубав момент за затворање на натпреварувањето во кое Вардар на крајот ќе го прослави освојувањето на пехарот и враќањето на тронот во македонскиот фудбал по пауза од шест години. Последен пат Вардар титулата во ПМФЛ ја освои ...