Откако на протестниот музички собир во неделата за неколку часа беа собирани над 1.000 рачни потписи, сега неформалното здружение „Сите за МКЦ“ објави и онлајн петиција против намалување на буџетот и политизирање на МКЦ. „Знаеме дека борбата не завршува овде. Затоа решивме да ја објавиме оваа втора онлајн петиција за да може да се слушне гласот на граѓаните кои не беа во можност да дојдат на нашиот настан и гласот на сите кои сакаат да изразат ...

Да се врати буџетот на Младинскиот културен центар (МКЦ) на истото ниво на кое до сега бил финансиран со години наназад и да се спроведе фер и коректен конкурс за избор на директор, на кој ќе се избере најквалитетниот професионален профил кој ќе се пријави на истиот бара неформалното движење „Сите за МКЦ“, организирано од здружението „Гола Планина колектив“. Оттаму подготвиле петиција која може да ја потпишат подржувачите на барањата. -Ве ...