Њукасл е блиску до потпишување со Виктор Муњоз, а договорот би можел да биде завршен наскоро. Откако заработија 80 милиони евра од продажбата на Ентони Гордон, „Свраките“ се подготвени да инвестираат речиси половина од таа сума. Според информациите од „Ел Чирингито“, кои беа потврдени и од „АС“, се преговара за трансфер вреден 35 милиони евра, со дополнителни 5 милиони евра во бонуси. Ова би ја достигнало клаузулата за ослободување од 40 ...

Лошата сезона беше јасна најава дека Њукасл ќе мора да се откаже од дел од најдобрите фудбалери, а прв кој се реши за таков потег уште во раната фаза на месец јуни испадна Антони Гордон. Англискиот репрезентативец направи трансфер уште пред почетокот на Светското првенство и веќе е член на Барселона, па ако за него тоа значеше исполнување на сонот, за Њукасл овој потег донесе зголема активност уште во раната фаза на летниот преоден рок. ...