Првиот бран туристи веќе ги користи туристичките капацитети и плажите долж дојранското крајбрежје, според информациите со кои располага Општина Дојран. Високите температури овозможија зголемување на бројот на посетители кои сакаат да поминат викенд или повеќе денови покрај Дојранското Езеро и да ги користат природните особености на еден од домашните туристички центри. Првиот човек на Општината, Илија Тентов, вели дека целиот брег на езерото ...
Првиот човек на Општината, Илија Тентов, вели дека целиот брег на езерото во Стар Дојран е веќе исчистен и уреден, а во завршна фаза е и реконструкцијата на пешачката патека од пазарот до амфитеатарот. „Сите плажи се средени, целото крајбрежје е исчистено и попесочено на потегот од Градската плажа, па се до плажата “Фук так”. Сега има повеќе можност за капачите, се зголемува слободниот простор за користење покрај езерото, односно се зголемува ...

