Педесет години „Леб и сол“ не се само јубилеј на една музичка група, туку јубилеј на еден културен феномен. На 1 јануари 1976 година се роди „Леб и сол“ синоним за автентичност, музичка слобода и интелигентна храброст. Влатко Стефановски и Бодан Арсовски заедно со Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан, покажаа дека „Леб и сол“ не припаѓаше во шаблоните на тогашната рок-сцена. Наместо имитација, тие избираат истражување; наместо компромис, ...

Секоја од досега познатите приказни за овој вонсериски состав започнува со податокот дека групата е основана на 1.1.1976 година, во скопската населба Тафталиџе, на улицата Мексичка. Но, овде ќе се обидеме да се вратиме неколку месеци порано, во есента 1975 година кога всушност и започнуваат разговорите меѓу Владимир Стефановски-Влатко, Бодан Арсовски, Никола Димушевски-Кокан и Димитар Чочоровски-Чочор за формирање музички состав низ кој ќе се ...