Белата куќа порача дека Иран би бил „многу мудар“ доколку постигне договор со САД, додека претседателот Доналд Трамп разгледува можни нови воени опции против Техеран. Портпаролката Каролин Левит изјави дека Трамп сè уште се надева на дипломатско решение за иранската нуклеарна програма, но нагласи дека постојат „многу причини“ за евентуален напад. Американските медиуми јавуваат дека Трамп разговарал со советници за можни удари, кои би можеле ...

Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе во сабота, но дека временската рамка за каква било акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд, објави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Трамп сè уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе го изврши нападот, рекоа анонимните претставници. ...

Договорот со САД околу царините ќе биде наскоро и официјално потпишан, а доказ за тоа е предходно објавената заедничка изјава. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вели дека САД веќе покажале добра волја , бидејќи некои македонски производи веќе се извезуваат со тарифа пониска од лани воведените 15%. Се уште се преговара за 64 производи од клучно значење и тие да добијат многу пониски тарифи, од нула до 6,5%. Министерот вели дека ...