Пауло Дибала ги минува последните месеци во дресот на Рома откако аргентинскиот ас ја одбил понудата за продолжување на договорот со „волчицата“. Голгетерот е најплатен фудбалер на Рома откако дојде во клубот како слободен играч по истекот на договорот со Јувентус, но честите повреди го спречија да блесне во сиот свој сјај во дресот на римскиот клуб. Челниците на Рома и тренерот Гасперини сметаат дека најплатениот играч на тимот мора да биде ...
Според информациите на „Газета дело Спорт“, управата на Рома има за цел да ги намали трошоците за плати на околу 60 проценти од клупските приходи. Ова практично значи дека Пауло Дибала и Лоренцо Пелегрини ќе треба да се согласат на пониски финансиски услови ако сакаат да ја продолжат кариерата на „Олимпико“. Договорите на двајцата истекуваат на крајот на јуни, а клубот е јасен дека продолжување е можно само со значително намалување на нивните ...

