Јувентус претрпе убедлив пораз од Галатасарај на првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Шампионите, но уште поголем проблем од резултатот за тренерот Спалети претставуваше повредата на Бремер. Најдобриот дефанзивец на „старата дама“ пред неколку месеци се врати по тешка повреда и дефанзивата на „црно-белите“ веднаш се крена на повисоко ниво. Тоа беше очигледно и на вчерашниот дуел во Истанбул, на кој по излегувањето на Бразилецот од игра ...

Јувентус фудбалски колабираше на гостувањето во Истанбул и прими четири гола во второто полувреме од Галатасарај, потоп кој направи италијанскиот великан да се врати во Торино со поразот од 5:2. Убедливата негатива ги прави работите исклучително тешки за Јувентус во пресрет на реваншот наредната седмица, од една страна поради резултатот, но и низата лоши вести кои пристигнаа од теренот. Камбијасо и Кабал нема да му стојат на располагање на ...