Ракометарите на Прилеп без мака го добија дуелот со најслабиот тим во Супер-лигата Радовиш со 38-16. „Фенерџијата“ и натаму останува без ниту еден бод на дното на табелата. Радовиш водеше само 0-1 на почетокот на мечот, и од тогаш повеќе не го ни „намириса“ добриот резултат од овој натпревар. Прилеп веднаш стигна до 6-1, а потоа немилсордно го полнеше голот на гостите. Најефикасен беше Шабановиќ со седум голови, додека Шипинкоски постигна ...

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа над Алкалоид на гостински терен со 25-28 и на тој начин со убедлива предност пред конкурентите го завршуваат регуларниот дел од македонската Супер лига. „Црвено-црните“ во текот на целото прво полувреме имаа водство, а на паузата заминаа со предност од минимални 13-14. Во второто полувреме следуваше пресврт на Алкалоид и нивно водство од два гола, но Вардар се врати и во самиот финиш дојде до ...