Во кое било маало низ Македонија, каде што некогаш пред секој влез беа наредени детски велосипеди, денес речиси не се слуша чкрипење на гумите, а најчесто доминира тишината. Детските игралишта се сѐ попразни, а прозорците зад кои порано се слушаше детскиот џагор сега се затворени. „Овде порано имаше најмалку по две деца во секој стан. Сега младите или се иселија, или живеат без деца. Некои и сами“, вели 62-годишната Марија, тазе пензионерка, ...
Во домовите низ Македонија сè поретко се слуша детски плач, а тишината станува сè погласна со разделбата на брачните партнери. Македонија се соочува со една од најсериозните демографски и социјални кризи во својата понова историја, драстично е намален бројот на новородените деца, а постојан е и порастот на разводите. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во последните десет години бројот на живородените деца е намален за ...

