Расте тензијата во Србија. Ќе прерасне ли најавениот голем протест на студентите во Белград во улична пресметка меѓу власта и опозицијата. Кому би одело во прилог насилен епилог на протестите. Дали без политичка артикулација на студентскиот непокор е можно да се смени системот во Србија? Дебата со новинарот Срѓан Ивановиќ, Петар Арсовски, политиколог и Бојан Кордалов, специјалист по комуникации. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил и испрати моќна порака. – Србија живее, напиша Вучиќ покрај фотографијата од Генералното собрание на Обединетите нации кога обвиен со српското знаме се бореше и ја порази срамната резолуција за геноцидот во Сребреница. Да потсетиме, студентите денеска одржуваат протести во Белград. По блокирањето на главните сообраќајници и раскрсници на неколку локации во градот, ...