Изразувајќи задоволство што е дел од најпрестижната поетска манифестација, шефицата на македонската држава подвлече дека Струга е најпоетскиот град на планетава, градот што живее од емотивни изблици и со нив, во којшто, како што рече претседателката, песните креираат слики на радост и тага, плач и смеа, еднината станува множина, односно дело и култура. – Струга видела и неа ја виделе многубројни врвни учесници и лауреати на Златниот венец, ...

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна синоќа од Струга ...