И покрај поразот од Швајцарија со 2-1 во последното коло од групната фаза, репрезентацијата на Канада успеа да обезбеди место во нокаут-фазата на Светското првенство. Сепак, покрај пласманот меѓу најдобрите, Канаѓаните станаа дел и од еден несекојдневен историски момент на Мундијалите. Избраниците на Џеси Марш групната фаза ја завршија на второто место, што значи дека во осминафиналето нема да имаат можност да настапат пред своите навивачи. ...

Интересот за настапите на канадската репрезентација на Светското првенство достигна рекордни бројки. Според информациите, натпреварот од третото коло во групната фаза против Швајцарија, кој Канада го загуби со 2:1, го следеле дури 10,1 милиони гледачи. Во споредба со Светското првенство во Катар 2022, гледаноста на натпреварите на канадската селекција во групната фаза е зголемена за неверојатни 98 проценти. Светското првенство во Канада се ...