Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – Балаж Лочеи, како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а дизајнот на светло е на ...

На сцената на Националната опера и балет вечер од 19.30 часот ќе биде изведена операта во три чина „Тоска“ од Џакомо Пучини, во режија на Огњан Драганов од Бугарија. Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги, сценографијата е на Зоран Николовски, костимографијата на Марија Пупучевска. Во насловната улога (Флорија Тоска) ќе настапи Злата Тошевска-Димовска, во улогата на Каварадоси – Миша Шешаберидзе од Грузија, во улогата на Скарпија ...