Во текот на вчерашниот ден полицијата евидентирала шест случаи на семејно насилство во повеќе градови низ земјава. Во пет од нив осомничените се приведени, а настаните се случиле во Гостивар, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Охрид. Според информациите од полицијата, во неколку случаи станува збор за физички напади врз членови на семејството, додека во еден од случаите биле упатени закани преку социјална мрежа. Доцна синоќа, околу 22:30 часот, ...

На 10.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека, поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзините мајка на социјална мрежа. На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот ...