Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун преку соопштение до медиумите изрази задоволство од прифатеното барање доставено до Владата, за одржувањето на итна средба, а во врска со одлуката за ограничување на маржите во трговија на мало и за 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи. Според одлуката од средбата, на која Премиерот г-дин Христијан ...
Намалување на асортиманот на производи од 1.000 на најосновните од 100 до 200 кои ќе имаат ограничена маржа – еден од предлозите кои трговците ги изнеле на средбата во Министерството за економија. Според нив, така би се постигнало реално намалување на цените и за потрошувачите би биле подостапни основните производи. Велат, со големиот опфат на производи ќе се намали контролата, а ќе се зголемат ризиците да бидат казнети од Пазарниот инспекторат. ...