Во отчетот за сработеното, Андоновски ги претстави 11-те клучни приоритети преку кои се водеше дигиталната трансформација во изминатите две години. „Првиот приоритет е Националниот портал за електронски услуги, чиј развој најдобро се гледа преку растот на бројот на услуги, корисници и поднесени барања. Вториот приоритет се центрите за услуги, чиј број се зголеми од 5 во 2024 година на 16 денес, со цел државата да биде поблиску и до граѓаните ...

Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - Министерството за дигитална трансформација ја почна својата работа пред две години во мала канцеларија што требаше да личи на кабинет, со наследени проблеми, субстандардни услови за работа, без систем и со дезорганизираност кај вработените. Не беше воопшто лесно, но го прифативме предизвикот и заедно со мојот тим, деноноќно, посветено работевме трасирајќи го патот на новото министерство кое испорачува за ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска одржа прес-конференција на која даде отчет за реализираните активности, проекти и реформи на Министерството за дигитална трансформација во изминатите две години. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека отчетот не е само приказ на бројки, системи и закони, туку показател за тоа дали државата станува подостапна, поефикасна и поправедна за граѓаните. „Кога ...