Судијката Дијана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет во процесот за пожарот во дискотеката „Пулс“, го отповика рочиштето закажано за утре и го закажа следното на 2 декември. Причината е што дел од обвинетите не го добиле интегрираното обвинение и не можат да се произнесат за вина, ниту нивните адвокати да дадат воведни зборови. Дополнителна причина за одложувањето е недоставувањето имиња и адреси на законските застапници на дел ...

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува на 2 декември. На денешното рочиште присутните законски застапници на општетените пред Судот изјавија дека се приклучуваат кон кривичен прогон и дека своите права и оштетно побарување ќе ги остваруваат во граѓанска постапка. Судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека утрешното рочиште се отповикува, а на следното рочиште треба да бидат повикани и ...