Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар објави дека зимава се раздели со Ворен Чимбембе. Фудбалерот од Конго кој пристигна летово и од него се очекуваше многу, сепак не ги оправда очекувањата. Чимбембе дојде во Вардар откако негов претходен клуб беше француски Мец, а играше уште за Гингамо, Мирантес и Троа. Сепак, во Скопје тој дојде во лоша форма. Чимбембе едвај фати ритам за да заигра за вардарци, а ниту кога доби шанса не покажа ...
Вардар останува и без скапо платениот Ворен Чимбембе кој не се појави ниту на тренинзите во Скопје а ниту во кампот во Анталија каде Вардар се подготвува за вториот дел од сезоната. Фудбалерот од Конго со пасош од Франција уште во декември на своите соиграчи им најавил дека неговата мисија во „црвено-црните“ е завршена: „Ако треба фудбал до јуни нема да играм ама во Вардар не се враќам...’, била најавата на Ворен Чимбембе кон соиграчите, ...

