По се изгледа дека новиот тренер на ФК Вардар, како што беше претходно најавено Кристијан Огро Фабијани во Скопје ќе се појави побргу од очекуваното. Според неговиот инстаграм профил, аргентинскиот стратег, кој што е најавуван како замена за Гоце Седлоски на крајот од сезоната, веќе е на пат за Скопје и вечерва би требало да пристигне во нашиот главен град. Фабијани сподели преку социјалните мрежи дека е на пат за Македонија уште вчера, а ...

Лидерот во македонското фудбалско првенство, екипата на Вардар од следната сезона и дефинитивно ќе има нов тренер и тоа странец. Аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани ќе го наследи Гоце Седлоски на тренерската функција, додека актуелниот стратег на Вардар целосно ќе се посвети на работата во репрезентацијата на Македонија. Фабијани до пред неколку месеци беше на чело на прославениот аргентински клуб Њуелс Олд Бојс, а од синоќа е во Скопје. ...