Дали знаете дека текстилниот отпад е еден од најбрзорастечките видови отпад денес, а само околу 1% од целиот текстилен отпад се рециклира. Облеката што ја носиме сè пократко најчесто завршува на депонии и ѓубриштата, наместо повторно да се користи. Таму, текстилот се распаѓа многу бавно (до 200 години за синтетичките материјали), при што ослободува метан, гас што придонесува за климатските промени, како и исцедок што ја загадува почвата и ...
Охрид, 26. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Нова акција за собирање текстилен отпад. Граѓаните во текот на утрешниот ден ќе може да ја остават старата облека во специјалните контејнери поставени на неколку локации. – Овој петок ќе имате можност уредно да ја одложите старата облека во контејнерите на Тексомак, поставени на неколку локации: задниот двор на Ohrid Mall, дворовите на Гимназијата, СОСУ „Кирил и Методиј“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ како ...
Денеска во Охрид се одржува нова еколошка акција за собирање текстилен отпад, која е дел од редовните иницијативи за управување со отпадот и за поттикнување на циркуларната економија, а граѓаните имаат можност да ја однесат старата облека на неколку локации во градот. Специјалните контејнери на „Тексомак“ се поставени во задниот двор на „Охрид мол“, во дворот на Гимназијата, на Економското училиште и на ОЕМУЦ, како и во дворовите на основните ...

